Реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо во својот најнов извештај истакна дека iPhone 13 Pro Max ќе има малку подобра главна камера во споредба со остатокот од iPhone 13 линија.

Според аналитичарите, iPhone 13 Pro Max ќе има малку поширок f/1.5 објектив преку својот главен сензор, додека iPhone 13, 13 Mini и 13 Pro ќе користат f/1.6 објектив за главните камери. Засега нема информации за потенцијалните разлики помеѓу овие сензори.

Сите iPhone 13 модели ќе имаат 7P леќа (седум елементи) преку сензорот за главна камера, како кај iPhone 12 серијата. Овој 7P објектив ја подобрува стапката на пренос на светлина, што овозможува подобар квалитет на сликата и ја засилува хроматската аберација. Apple планира да се префрли на 7P леќи на сите iPhone камери во текот на следните неколку години.

Според информациите, кинескиот снабдувач Sunny Optical ќе обезбеди 7P компоненти, а доколку сè се одвива според планот, нивната испорака за iPhone 13 линијата се очекува од вториот квартал оваа година.