Ако сакате да се ослободите од луѓето кои обожуваат да споделуваат лажни вести, сега тоа и го можете. Facebook претстави нова опција која ви овозможува многу брзо да дознаете дали некоја вест е лажна или не.

Секој пат кога некој ќе сподели некој линк на Facebook, ќе можете да добиете повеќе информации во врска со тој текст и неговиот објавувач. Се што е потребно е да побарате мало “i” во долниот десен агол на сликата на текстот.

Кликнете на малата буква и ќе добиете кратка биографија за издавачот, како и линкови за дополнителните кои ги објавиле.

Во одредени случаи ќе можете да видите колку шерувања имал некој текст, како и локациите од кој е најмногу споделуван.

Најважно од се, ќе можете да видите и кој од вашите пријатели ги делат тие текстови, и со самото тоа, ќе бидете во состојба да ги идентификувате луѓето кои споделуваат лажни вести.