Сите понекогаш сме се нашле во ситуација кога сме зажалиле затоа што сме избришале некоја фотографија. За среќа, постои начин тие фотографии да се вратат. Без разлика дали користите Андроид или Ајфон, вие можете повторно да дојдете до избришаните фотографии. Еве како.

Доколку користите iPhone треба да знаете дека ви е олеснета работата. Еве што треба да направите:

  • Влезете во апликацијата Photos и потоа во албумите.
  • Одете надолу до дното и притиснете на Recently Deleted.
  • Во овој фолдер ќе ги пронајдете сите фотографии кои сте ги избришале во последните 30 дена. За да можете да ги вратите, потребно е само да ја селектирате саканата фотографија и да ја одберете опцијата Recover. Исто така, можете да ја изберете и опцијата Delete  и засекогаш да ја изгубите фотографијата.

Ако постои фотографија која сакате да ја пронајдете, а е избришана многу одамна, тогаш можете да се потпрете на бек-ап на iTunes или да си платите посебна специјална апликација.

Ако сте корисник на Android, најдобро решение за вас може да е апликацијата наречена Disk Digger, која можете да ја преземете. Кога ќе ја инсталирате апликацијата, со неа можете да го скенирате телефонот и да ги пронајдете избришаните фотографии. Еве како да го направите тоа:

  • Преземете ја апликацијата од Play Store.
  • Отворете ја апликацијата и изберете ја опцијата Refresh List. Кога на екранот ќе ви се појави содржина, изберете System folder.
  • Откако ќе го одберете фолдерот, одете на Scan Device и ќе ви се појави листа со избришаните фотографии. Кога ќе ја видите онаа која ја сакате, селектирајте ја и сочувајте ја.
  • Апликацијата ќе ве праша каде сакате да ја сочувате, а кога ќе изберете локација, фотографијата ќе се врати во вашиот телефон.