Најновото ажурирање за Samsung Galaxy Fold овозможува DeX on PC поддршка. Споменатиот режим им овозможува на корисниците својот флексибилен телефон да го поврзат на Windows или Mac компјутер преку USB кабел и да користат монитор, тастатура и глувче.

На овој начин е можна обработка на Office документи со помош на целосна тастатура или играње со дополнителната прецизност со помош на маус. Покрај ова, овозможено е полесно повлекување на фајловите помеѓу два уреда.

Galaxy Fold веќе поддржуваше DeX мод, кога ќе се поврзе директно на монитор. Меѓутоа, освен доколку корисникот нема доделен монитор (како и маус/тастатура) за Fold, DeX on PC претставува покорисна опција – потребно е само да се преземе апликацијата, да се поврзе Fold на компјутер и опцијата е достапна за користење.

Ажурирањето, кое е тешко околу 900MB, на телефонот ја донесува верзијата F900FXXU2ASKB. Слична надградба наскоро се очекува и за Galaxy Fold 5G.