Покрај низата ситуации во кои се покажа одличен, решивме да провериме каков е перформансот на Samsung Galaxy S8+ и неговата камера доколку е потребно да се снима во услови на слаба осветленост и навечер.

Причина за високиот квалитет на направените снимки е задната камера на телефонот. Таа снима и фотографија со резолуција од 12 мегапиксели (Dual Pixel 12MP AF). Видеоснимките се со висока резолуција, и тоа 1080 пиксели, со можност за 30 и за 60 фрејмови во секунда, во зависност од потребата. Камерата има бленда од 1.7, а дигиталното зумирање е до осум пати.