Apple Support официјално потврди дека iPhone 13 серијата нема поништување на позадинска врева, функција која е достапна на претходните iPhone модели повеќе од една деценија. Новиот извештај на 9to5Mac вели дека функцијата за пристапност која ја намалува амбиенталната врева за време на телефонски повици кога ја држите слушалката на уво повеќе не е поддржана кај iPhone 13 моделите.

Нема подетално објаснување зошто оваа функција е отстранета од iPhone 13, што значи дека сите телефонски повици ќе останат без функцијата за поништување на шум во pozadina, освен ако немате други хардверски уреди како слушалки што доаѓаат со вградено поништување на бучавата.

Интересно е што Apple не нуди поништување на вревата од телефонот на своите најнови уреди, и покрај фактот што уредите имаат хардверски можности во форма на мулти-микрофонски системи.

Дали е ова само едноставен превид или уште една опција која ќе ве натера да потрошите повеќе пари и да купите слушалки (иако можеби и не ви се потребни), проценете сами.