Користењето на Force Close опцијата за исклучување на апликациите од мултитаскинг менито, омилената занимација на многу корисници во надеж дека телефонот ќе им работи подобро и дека ќе заштедат енергија на батеријата, воопшто не му помага на телефонот да работи подобро, открива The Verge.

Еден од потпреседателите на Apple, задолжен за iOS и софтвер во компанијата, вели дека гаснењето на апликациите од наведените причини не е неопходно и дека ова би требало да го правиме само доколку некоја апликација „заглупави” или престане да работи. Слично велат и од Google, наведувајќи дека Android самиот ги забавува или затвора непотребните апликации кои не се користат и дека Force Close опцијата нема да го реши проблемот со брзината на телефонот, ниту да ја продолжи работата на батеријата.

Во видеото на The Verge, може да видите дека насилното гасење на апликациите е лошо, бидејќи системот наместо да ги буди апликациите кои ги заспал, мора да ги стартува од почеток и со тоа троши и повеќе ресурси на телефонот, но и батеријата.