Компанијата Bluboo го престави својот најнов модел на смартфон S3 кој е еден од ретките смартфони на пазарот со батерија од 8500 mAh. Според производителот, уредот ќе може да работи до шест дена без полнење, а неговата батерија може да ви послужи да наполните и некој друг уред.

Bluboo S3 е изработен со голем екран со сооднос од 18:9, NFC модул за бесконтактни плаќања, сензор за отпечатоци и функција за скенирање на лице за брзо отклучување. Моделот е дизајниран со метална рамка и заден поклопец со текстура на кој не остануваат отпечатоци од прсти и не се забележуваат гребнатини. Речиси целата предна страна е со 6-инчен дисплеј со резолуција од 2160×1080 пиксели (18:9) и тенки рамки од сите страни.

Според производителот, вградената батерија за 8.500 mAh е доволна за 20 часа видео репродукција, 36 часа репродукција на музика, 88 часа телефонски повици или 42 дена на stand-by.

Главната камера е претставена со два Samsung модули со резолуција од 21 и 5 мегапиксели. Производителот ветува фотографии со висок квалитет дури и при лоши услови на осветлување и брз автоматски фокус. Од 18 до 24 април Bluboo S3 може да се нарача со попуст од 50 долари за само 149,99 долари. Бројот на уреди на промоцијата ќе биде ограничен.