Пред објавата на Honor 30 Lite телефонот, објавена е и првата реклама за уредот. Почетокот на рекламата укажува на поддршка за 90Hz стапка на освежување на дисплејот и 180Hz touch sampling стапка.

Претходно протечените информации веќе ни дадоа увид во спецификациите на смартфонот, а ова видео ни потврдува некои од главните карактеристики. Тука е 48MP главна камера, заедно со 8MP и 2MP модули (веројатно ултраширокиот и сензорот за длабочина).

Honor 30 Lite ќе биде 5G уред, благодарение на MediaTek Dimensity 800 чипсетот, а може да се конфигурира со 4GB до 8GB RAM и 64GB до 256GB простор за складирање податоци.

Рекламата не ја споменува цената и пазарите на кои Honor 30 Lite ќе биде достапен, но тоа секако ќе го дознаеме во текот на денот.