Apple веќе подолго време произведува сопствени процесори. Засега, тие се користат како поддршка за чиповите на Intel во компјутерите на Apple и како основни процесори во iOS. уредите Според информации на „Блумберг“, сепак, во 2020 година, дури и Mac компјутерите нема дa користат Intel процесори, а Apple ќе почне да поставува сопствени чипови.

Процесот за менување на Intel процесорите од  Mac компјутерите ќе биде бавен и се уште е во почетна фаза. Сепак, ова изгледа како логично решение, со оглед на безбедноста во архитектурата на процесорите на Intel.

Покрај тоа, промената на платформата за ИТ гигантот не е нешто ново. Во раните 90-ти години од минатиот век, Apple се префрли на Power PC, а во 2006 година почна со користење на Intel процесори. Засега Apple се воздржува од коментирање на оваа тема.