Google ја разгледува идејата за воведување нова верзија на паметни телефони Pixel 2, кои ќе бидат фокусирани во средниот ценовен сегмент. Производот ќе се продава по поповолна цена и ќе биде првенствено за потрошувачите на пазарите во развој. Информацијата е на EconomicTimes, кои се уверени дека официјалната премиера ќе се одржи во јули или август.

Се уште нема информации за конкретните технички спецификации на новиот Google Pixel 2. Сепак можеме да очекуваме да понуди слични спецификации како и сегашните верзии и да работи на оперативниот систем Android Oreo. Нема да биде изненадување ако новиот модел има слични камери, батерии и дисплеи, но се напојува со друг процесор за да стане поатрактивен.

Google планира голема маркетиншка кампања и ќе ја прошири дистрибуцијата, посебно на индискиот пазар, кој е еден од најбитните за телефоните кога се во прашање земјите во развој. Samsung и Apple веќе ова го препознаа и имаат агресивно in-store брендирање и ексклузивни малопродажни зони ширум Индија.