По веста за кражба на лични податоци на 50 милиони корисници, изминатите денови многумина се приклучија на кампањата „Избриши го Facebook“ во чии рамки корисниците ги бришат своите профили и ја преземаат целата архива од своите податоци на социјалната мрежа, вклучително и статуси, пребарувања, фотографии, снимки…

Додека истото го правела и сестрата на еден новинар од New York Magazine, меѓу податоците кои ги преземала нашла и неколку снимки на кои се гледа како вежба свирење. Таа признава дека за снимањето ја користела камерата во рамките на Facebook апликацијата, но социјалната мрежа го сочувала секој нејзин обид, кој таа го нема објавено, а практично не го сметала ни за снимен.

Едно е Facebook да ги има податоците што ги споделувате, сосема друго е Facebook да чува материјали што можеби сте сакале да ги објавите, а не сте ги објавиле (сигурно со добра причина), реагираат корисниците.

Facebook одговори прилично стандардно – дека го истражува случајот на зачувување на снимки кои ги нема на корисничките профили.