Интернет страницата Slashleaks наведува нови информации како и рендери на претстојниот Q9 смартфон на LG, кој ќе пристигне со 6,1-инчен екран, 4 GB RAM и оперативниот систем Android Oreo.

Извор на информацитте наводно е официјалната интернет страница на Android. Според објавеното, LG Q9 ќе пристигне на пазарот во различни модела со ознаките LM-Q925S и LM-Q925L.

Не е познато кој чип ќе го користи LG Q9, но познато е дека ќе има 6,1-инчен екран, 32 односно 64 GB интерна меморија, сензор за отпечатоци од прсти и поддршка за NFC.

Оваа објава треба да се земе со доза на резерва, со оглед дека информациите за телефонот не е можно да се потврдат на официјалната Android страница.