Во срцето на полињата на Исланд се наоѓа една од најголемите „фабрики“ за биткоин во светот. Нејзината локација е тајна за да не можат да ја нападнат најсифистицираните крадци.

Благодарение на подземјето преполно со топла вода, која овозможува создавање на многу струја и тоа по поволна цена, Исланд се претвори во рај за рударите на криптовалути како биткоинот.

За разлика од еврата или доларите, кои ги издава централна банка, биткоин настанува во информатички „рудници“ или „фабрики“, како што ги нарекуваат компјутерите кои ја создаваат криптовалутата и потоа ја продаваат на берза на Интернет.

Една таква „фарма“ се наоѓа во вулканската пустина во Исланд. Хангар од сребрен лим ги сокрива компјутерите, а покрај него се наоѓаат уште четири згради. Наскоро ќе бидат додадени уште две складишта. Тоа е „фарма“ на компанијата Genesis Mining наречена Enigma. Името го добила по првата машина за дешифрирање пораки која ја користеле Германците во Втората светска војна.

Во хангарот се наоѓаат десетици илјади компјутерски системи за производство на биткоин. Сместени се на површина од 400 квадратни метри и произведуваат неверојатна врева, слична на полетувањето на еден џамбо џет. Еден таков систем составен е од матична плоча, компјутерска меморија, хард диск, процесор и шест графички картички.

Неговата функција е управување со сложени алгоритми за да може да се бележат континуирани трансакции, автентични и нумерирани. Таа технологија се вика блокчејн и вообичаено се споредува со дигитално сметководство, само што треба да е неуништлива и невозможно е да се фалсификува.

Секои 10 минути во овие „фарми“ или „рудници“ се создаваат 12,5 биткоини.

„Секој може да ги направи во својот дом без никакви пречки или технички органичувања“ објаснува Филип Салтер, претставник на Genesis Mining на Исланд. Салтер е инженер од Германија, стар 15 години.

Машините работат 24 часа дневно, седум дена во неделата

Од околу 17 милиони биткоини во оптек во целиот свет, делот направен во Исланд уште е скромен. Но, овој остров во северниот Атлантски Океан се надева дека ќе го зголеми својот удел и добивката откако кинеските власти објавија војна на виртуелната валута.

Евтина енергија

Исланд нуди единствени услови во светот за производство на криптовалути поради својата геотермална енергија, која е многу евтина и е 100 проценти обновлива.

Цената на просечен киловат-час енергија на Исланд чини 0,06 евра и е речиси двојно пониска од цената на струјата во ЕУ, според податоците на Евростат за 2016 година. Така Исланд е една од најконкурентните земји во Европа после Србија, Македонија и БиХ.

Освен тоа, просечната годишна температура на островот од околу 5 степени Целзиусови е идеална за да се избегне прегревање. Батерија со вентилатор го вовлекува поларниот ветар, го филтрира и го меша со топлината која ја создаваат компјутерите. Топлината на компјутерите достигнува 80 степени Целзиусови, но со помош на ветарот се намалува на 25 степени Целзиусови.

Извор: Zimo.hr