Корпорацијата SpaceX на американскиот бизнисмен Илон Маск по 16. пат оваа година лансираше ракета, што претставува двојно повеќе лансирања отколку минатата година.

Беспилотната ракета „Фалкон“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, во американската сојузна држава Флорида, носејќи комуникациски сателит за јужнокорејската компанија „КТ Сат“.

SpaceX лансираше ракета речиси секој месец оваа година, наведува АП.