До денес не знаевме дека интернетот има многу цврст став врзан за емотиконите за брза храна

Полемиката започнала, секако, на Твитер, а прв се огласил корисникот Томас Баекдал, кој во својот твит ги споредил начините на кои Apple ги распоредува состојките во чизбургерот и Google, во рамки на чиј емотикон кашкавалот се наоѓа на погрешно место.

Гурманите, кои се истовремено и познавачи на емотиконите, напоменуваат дека Apple паметно ги позиционира состојките, со поставување на салатата под бургерот со што се спречува долното лепче да се натопи и со тоа да се отежне консумацијата, додека Google на тоа место го става кашкавалот и со тоа прави голема гурманска катастрофа.

Оваа вест и не би била вест доколку не се огласил и извршниот директор на компанијата Google, Сандар Пичаи, кој во таа прилика ветил дека вработените “ќе ги остават сите други работи настрана и итно ќе се позанимаваат со овој проблем”, но под услов доволен број на корисници да изгласаат неопходност за поставување на кашкавалот на правилното место.

Според сајтот Emojipedia, чизбургерот како емотикон е одобрен како дел од Unicode 6.0 уште во 2010 година, а кон фамилијата на Emoji 1.0 е додаден во 2015 година, и во таа прилика на компаниите кои ги дизајнираат своите емотикони им е оставена потполна слобода во распоредување на состојките.

Извор: Tportal.hr