Нема работа која повеќе нервира од тоа кога убаво ќе се наместите во фотелја пред телевизорот и тогаш сфаќате дека далечинскиот управувач не работи.

Обично се во прашање батериите, а далечинските управувачи се први мети кога на некој апарат ќе му притреба една. И сигурно тогаш не ви се оди до продавница за да купите само една батерија, зарем не?

Знајте дека не морате да одите до продавница затоа што проблемот можете да решите со само една спајалица.

Треба да ја наместите во положба како на горната фотографија, совршено да легне на местото на батеријата. Со тоа ќе го затворите струјното коло помеѓу батеријата и компонентите во управувачот.

Единствениот недостаток на овој трик е што далечинскиот управувач ќе работи на помала волтажа, па ќе морате малку да се доближите до телевизорот за да можете да ги менувате каналите.