Системот за превод SeamlessM4T се потпира на вештачка интелигенција, поддржува речиси сто светски јазици кога станува збор за превод и транскрипција, што Мета ги споредува со научна фантастика.

Универзални преведувачи, фасцинантни концепти кои ни се познати од различни дела на научна фантастика и фантазија, се се поблиску да станат дел од реалноста со новата алатка на компанијата Мета.

Тие, како што вели Мета, служат за дополнително поврзување на луѓето, отворање на вратата за комуникација преку социјалните мрежи и други канали и овозможување на луѓето да пристапат до содржината, без оглед на јазикот на кој таа е првично создадена. Нивниот најнов модел на превод, SeamlessM4T, има за цел да стане токму она што досега го видовме во научната фантастика – универзален преведувач за пишан текст и/или говор, за кој било светски јазик.

Модел кој може да „направи се“

Ќе можете да го користите SeamlessM4T како додаток на вашиот омилен интернет прелистувач, апликација или социјална мрежа – се зависи од тоа каде и како програмерите ќе го вградат новиот Meta модел. Имено, тој е целосно со отворен код и неговиот програмски код и податоци може да ги користи секој.

Системот се потпира на вештачка интелигенција и е мултимодален, што значи дека може да се справи и со пишан и говорен текст. Влезниот текст може да му се даде во говорна или писмена форма, а преводот може да се прими во форма на текст, говор или и двете.

Автоматскиот превод на текст моментално поддржува речиси 100 јазици, а говорот како излез е поддржан за 35 од нив. Системот автоматски ги препознава говорот и јазикот, така што може да преведува дури и кога говорникот среде разговор го менува јазикот што го користи.

Крајната цел на експертите на Мета во овој проект е создавање на целосно универзален преведувачки систем, способен за сите задачи во таа област, без разлика на јазикот, апликацијата или формата на влезните информации. Клучот е да се воведе значително подобрена верзија кога станува збор за поретки и помалку користени јазици, за кои е тешко да се добијат материјали за обука на системи за вештачка интелигенција – и Мета ќе продолжи да работи на ова. Со објавувањето на овој модел со „отворен код“, тие веруваат дека направиле голем чекор напред кон конечната цел, создавање на вистински универзален и „семоќен“ преведувач.

Проектот е бесплатен и може да се најде на GitHub.