Првиот бразилски астронаут кој во 2006 година летал во вселената, го споредил чувството на престој во орбитата со симптомите на Ковид-19.

„Кога ќе влезете во вселената, поради некоjа причина (на одредено време) го губите чувството за мирис, речиси исто како кога сте болни од Ковид-19“, изјавил Маркос Понтес, сега министер по наука, технологија и иновација во Бразил.

„Но, вселената сама по себе има мирис“, продолжил тој.

„Не го знаев тоа, но во моментот кога го отворив отворот од „бродот“, Џеф Вилијамс (астронaут на NASA кој учествувал во таа експедиција), кому ова не му беше првпат да лета, ми рече да обрнам внимание на мирисот на вселената. Не можев да верувам, но вселената мириса на сулфур“, изјавил Понтес, напоменувајќи дека тој мирис баш и не е пријатен.

Понтес станал првиот јужноамериканец на светот кој летал во вселената, а бил и член на експедицијата која била лансирана од космодромот Бајконур на 20 март 2006 година. Заедно со него во орбитата биле и Русинот Павел Виноградов и Американецот Вилијамс. Летот траел 10 дена, а во јули минатата година Бразилецот се разболел од коронавирусот.

Извор: Novosti.rs