Новиот вебсајт Ten Years Ago („Пред 10 години“) не враќа во времето – на 29 јули 2007 година, за да видите од прва рака како тогаш изгледаше world wide web-от, во случај да сте заборавиле или сте биле премногу млади. Освен дизајните (на YouTube, Apple, Amazon,  The New York Times, Reddit и други), ќе имате прилика и да се потсетите на тоа како изгледаше интернет адвертајзингот во 2007 година.

Логично е меморијата да ни е кратка за тоа како изгледаше Интеретот пред 10 години, кога Reddit и YouTube имаа само 2 години, а Gmail не ни постоеше (излезе од бета-верзија во 2009-та). Тогаш практично и не се мислеше баш многу на дизајнот; веб-дизајнот стана важен аспект дури во 2012-та. Сé на сé, интернетот пред 10 години изгледаше многу поразлично.

 

Да не должиме, бујрум на сајтот:

КЛИКНИ ТУКА