Група астрономи предводени од професорот Дејвид Кипинг од Универзитетот Колумбија во Њујорк верува дека ја откриле првата месечина надвор од Сончевиот систем или егзомесечина, пренесе BBC.

Доколку се потврди откритието, таа егзомесечина ќе биде забележана како објект со големина и маса како Нептун која кружи околу планета колку Јупитер, но со 10 пати поголема маса.

Сигналот го фати телескопот на НАСА, Кеплер, а следат понатамошни истражувања со помош на најголемиот телескоп Хабл, кој кружи околу Земјата со брзина од осум километри во секунда. Таа брзина може да се спореди со фактот дека така би стигнале од источниот до западниот брег на САД за 10 минути.

Астрономите до денес откриле 3.000 егзопланети – планети кои кружат околу ѕвезди надвор од Сончевиот систем. Лов на егзомесечини – објекти во орбитата кои кружат околу тие оддалечени планети се одвиваше паралелно со ловот на егзопланети, но до сега тие сателити беа надвор о опсегот на технологијата.

Кипинг кој животот го посветил на потрагата по егзомесечини, сепак е претпазли и вели дека до сега тоа личи на сателит, но може да се покаже и дека е друго небеско тело.

Новата месечина е позната како Кеплер -1625b и воочена е околу ѕвезда одделечана 4.000 светлосни години од Земјата. Заради неговата големина членовите на истражувачкиот тим го нарекоа “Nept-moon”.