Realme 6i официјално ќе биде претставен на 17. март, а компанијата веќе откри дека телефонот ќе има Helio G80 чипсет, систем со четири камери со главен сензор од 48 MP и поддршка за 18W за брзо полнење.

Сега кинеската компанија објави дека 6i ќе користи 5000mAh батерија, која ќе се полни преку USB-C порт. Телефонот од предната страна ќе има 16MP селфи камера, сместена во засек во облик на капка.

Компанијата објави уште еден тизер, кој покажува дека Realme 6i нема вдлабнување за читач на отпечатоци од прсти од страна на рамката, каков што имаат Realme 6 и 6 Pro моделите.

Фотографијата во живо, која неодамна е забележана на FCC листинг откри дека сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа на задната страна, но ова се уште не е официјално потврдено.