Microsoft од денеска го нуди својот Edge веб-прегледник, кој е достапен за преземање за Windows, Mac и другите платформи. Новиот Edge е заснован на Chromium проектот со отворен код, кој во тој смисол го прави сличен на Google Chrome.

Компанијата го најави новиот Edge во декември, 2018. година. кога одлучи да го отфрли развојот на сопствениот енџин и да се префрли на Chromium кодирање. По повеќе од една година тестирање, новиот Edge конечно е подготвен, а првата стабилна верзија на WIndows и Mac е достапна тука.

Оние кои го користат Windows 10 би требало да го добијат Edge како ажурирање, во текот на следните месеци. Процесот на миграција на новиот браузње ќе почне во следните недели, а први ќе го добијат Insider и Windows Release Preview членовите.

Кога се во прашање функциите и новите карактеристики, Edge ги синхронизира лозинките, фаворитите и подесувањата за различните уреди. Collections секцијата е вградена во Edge, како и сетот алатки за учење и пристап. Вграден е и Internet Explorer режимот, за случај да морате да му пристапите на сајтот кој тоа го бара.