Инжинерите неуморно работат за да имплементираат 3D ласерски сензор на задната страна на iPhone 8, што би требало да го подобри автофокусот и може да се користи за Augmented Reality

Иако е во големи проблеми со производството на компоненти за претстојниот iPhone 8, што би можело да предизвика одложување на појавата на телефонот на пазарот, Apple вредно работи на истражувањето на новите технологии што ќе се појават во телефонот.

Според извештаите, инжинерите на Apple неуморно работат за да имплементираат 3D ласерски сензор на задната страна на iPhone 8, што би требало да го подобри аутофокусот и може да се користи за  Augmented Reality (Проширена реалност). Новиот ласерски сензор би требало да биде витален за најавениот ARKit, кој програмерите ќе го користат за развивање на AR искуствата за iPhone. Моментно, програмерите можат да ја користат само предната камера на iPhone за AR апликации.

Технологијата која ќе се вградува во iPhone 8 ќе биде многу понапредна – таа ќе користи таканаречен “vertical-cavity surface-emitting laser” ласер, кој ќе може да го гледа просторот во 3D, односно точно да процени колкава длабочина има и каде некои предмети се наоѓаат во него.

Новиот iPhone најверојатно ќе има и предна камера со 3D сензор, која ќе овозможи подобро распознавање на лицето и полесно отклучување на телефонот со помош на него. Исто така, овие сензори ќе можат да се искористат и за побрз автофокус на камерите, дел во кој iPhone досега заостануваше зад главната конкуренција, а особено зад Samsung. Ласерскиот 3D-sensing систем би можел да ја подобри и Apple Portrait Mode имплементацијата.