Инструмент кој емитира ноти според мозочните сигнали на одредена личност е последниот пример на технологија котролирана од мозокот, помагајќи им на оние со ограничено движење да се вклучат во светот.

Уредот може да им помогне на оние што доживеале мозочен удар или се парализирани да се вклучат преку музика, задача за која повеќе пати се докажало дека има терапевтски придобивки. Поврзувањето на електронските тонови со мозочни бранови не е ново, со оглед на тоа дека звукот бил повеќепати користен за да се набљудува мозочната активност. Но, она што е ново во оваа иновација е степенот на прецизност кој волонтерите го произвеле со манипулацијата на специфичните ноти од музичката скала.

Овој нов уред е примерок кој овозможува различни мозочни бранови да контролираат синтисајзер. Мозочните бранови во основа се форми на електрична активност произведена од мали флуктуации во волтажа, низ мембраните од клетките во централниот нервен систем. Различни шеми на менување на волтажата произведуваат различни фреквенции. Промените во активноста низ мозокот, дали преку промени во свесноста или концентрацијата, можат да креираат суптилни варијации во различни шеми на бранови.

За уредот да почне да функционира, 15 возрасни волонтери користеле две методи. Едната била со отворање и затворање на очите во времетраење од 15 секунди за да се промени активноста во нивниот визуелен кортекс. Другата вклучувала визуализирање на отворање и затворање на десната рака. Двете методи биле поврзани со промените во мозочната активност со осум вредности, како во музичката скала.

Научниците ќе продолжат да го употребуваат уредот и со други лица за да видат дали можат да ја подобрат неговата функција, а со тоа и да им помогнат на повеќемина.

ИЗВОР: Факултети.мк