По софтверската надградба која Google ја пласираше за најновите flagship телефони, корисниците на моделот Pixel 6 известуваат дека нивните уреди автоматски ги одбиваат повиците.

Мобилните телефони на Google веќе имаа проблем со менување на вибрациите за известувањата кои се менуваат без објаснување, сега имаат уште поголеми потешкотии бидејќи уредите автоматски и „тивко“ ги одбиваат дојдовните повици, испраќајќи го повикувачот директно на говорната пошта.

Гледајќи го повикот, корисниците забележуваат дека дојдовниот повик бил „отфрлен“, но мобилниот всушност не заѕвонел. Сите корисници со овој проблем тврдат дека немаат никаква поставка „Do Not Disturb“ или друга активна опција што може да ги блокира повиците.

Засега нема друг начин да се реши овој проблем освен ресетирање на мобилниот телефон. Корисниците на Pixel 6 и Pixel 6 Pro најмногу се жалат на проблемите, но проблеми имаат и оние кои поседуваат постари Pixel уреди до 2XL.