Samsung објави дека оперативната добивка на компанијата во второто тромесечие ќе биде за 70 проценти поголема отколку во истиот период минатата година.

Јужнокорејскиот технолошки гигант денеска ја објави проценката дека во изминатиот квартал остварил оперативна добивка од 12 милијарди долари, што претставува најголема добивка во едно тримесечие во историјата на компанијата, која за 72 отсто е поголема од истиот период минатата година.

Од друга страна, компанијата објави дека пораснала и продажбата, и тоа за 18 отсто, односно за 58 милијарди долари.

Поради ова некои светски аналитичари проценуваат дека на крајот од годината Samsung ќе го замени Intel на чело на листата на најголемите светски производители на чипови.

Исто така, во изминатото тромесечje пораснала и продажбата на паметните телефони на Samsung, вклучувајќи го и новиот Galaxy S8.