Apple е познат по тоа дека не е преголем љубител на физички копчиња, посебно оние кои заземаат премногу место. Компанијата поднесе барање за патент, кој опишува дизајн на „компактен уред за внес со свртување“, кој значајно ќе го намали интерниот простор кој го заземаат копчињата.

Ова решение нема само да заштеди простор, бидејќи механизмот може да понуди и повратни информации/одзив кои можат да се програмираат. Ваквите копчиња можат да овозможат различен тактилен одзив, конфигуриран софтверски, а би биле осетливи на јачината на притисок.

Патентот како пример го наведува копчето за вклучување на iPhone уредите, но би можел да има и други примени (како исклучително тенките маски за тастатурата кај iPad моделите).

Засега нема конкретни информации дали и кога споменатиот патент би бил имплементиран во конкретен, потрошувачки производ. Apple веќе го претвори Home копчето за iPhone во фиксен, капацитативен сензор, кој се потпира на Taptic Engine, за да пружи чувство на „кликање“.