Apple наводно планира следната година да претстави три модели на iPhone со OLED екрани, со што ќе ја прошири линијата, чиј прв член ќе биде годинашниот OLED iPhone.

Nikkei тврди дека Apple ги прилагодил своите планови, така што сите iPhone модели објавени во текот на втората половина на 2018 ќе ја користат технологијата на надградениот дисплеј.

Претходните извештаи сугерираа дека Apple нема да изврши целосно префралње на OLED се до 2019. година, но сега изворите блиски до синџирите на снабдување истакнуваат дека Apple станал малку поагресивен кога е во прашање имплементацијата на OLED панелите.

Apple и оваа година ќе претстави три iPhone модели, но само еден од нив би требало да има OLED дисплеј, додека останатите два ќе користат LCD панел.