Сакате некого да деконцентрирате? Кажете му да го стави својот паметен телефон на масата, но дека не смее да го погледне
Веќе некое време трае расправата за тоа дали паметните телефони не направија попаметни, бидејќи ни пружаат многубројни информации на дланка или поглупави бидејќи премногу се потпираме на нивните способности.
Група истражувачи од Универзитетот во Тексас одлучуија да истражат дали смартфоните навистина не прават поглупави или поумни.
Направија експеримент во кој испитаниците го поделија во три групи. Првата група мораше да ги остави своите телефони во соседната просторија, втората во торба, третата на маса, но свртени со екранот надолу. Потоа испитаниците требаа да решат низа задачи што ги испитуваа нивните когнитивни способности.
Истражувачите ги изненади фактот дека оние чии телефони биле во соседната просторија имаа значително подобри резултати од оние чии телефони биле во торба или на маса.
„Забележавме линеарен тренд кој укажува на тоа дека колку паметните телефони се на повидливо место, нашиот когнитивен капацитет се намалува“, истакна еден од коавторите на истражувањето, Адријан Ворд.
Веќе самиот факт дека знаеме како не смееме да го користиме паметниот телефон ни го одвлекува вниманието и ни ги намалува когнитивните способности бидејќи размислуваме за тоа како не смеете да мислиме на телефонот.
Вториот експеримент покажа како лицата што се зависни од паметните телефони остваруваат полоши резулттаи на тестовите кога смартфоните им се на дофат на рака. Но, ако ги остават паметните телефони во друга просторија, резултатите се значително подобри.
„Не им пречеше ни фактот дека добиваат известувања на смартфонот, туку и самата присутност на телефонот во иста просторија беше доволна да им се намали когнитивниот капацитет“, истакнува Ворд.
Истражувачите истакнуваат и дека испитаниците кои знаеле дема нема да можат да го имаат телефонот до себе остварувале подобри резултати на тестовите и поради тоа полесно се концентрирале.
Значи, ако сакате да се фокусирате на некоја задача, оставете го паметниот телефон во друга просторија.