Социјалната мрежа Facebook објави дека ја достигнала бројката од две милијарди активни корисници месечно.

– Денеска одбележуваме нова пресвртница – сега имаме две милијарди луѓе кои секој месец го користат Facebook, стои во соопштението на компанијата, која својата прва милијарда корисници во еден месец ја „прослави” во октомври 2012 година.

– Напредуваме во поврзувањето на светот и го правиме поблизок, истакна основачот на Facebook, Марк Цукерберг.

Facebook, кој е формиран во 2004 година, во првото тримесечје од 2017, забележа профит од три милијарди долари.