Пред скоро еден месец, Samsung го претстави Notebook 9 Pro, својот најнов премиум Windows лаптоп. Компјутерот доаѓа во големини од 13,3 и 15 инчи, а сега е достапен на пазарот.

Двата модела стигнува со Intel Core i7-7500U процесор на 2.7 Ghz. Петнаесетинчната варијанта има посилен GPU, во вид на AMD Radeon 540 со 2GB GDDR5 видео меморија, додека 13,3-инчниот модел има Intel HD Graphics 620. Поголемиот лаптоп има и 16 GB RAM, двојно повеќе од помалиот модел.

Notebook 9 Pro има шарка од 360 степени, што значи дека 1080p дисплејот може да се свитка во таблет мод. Тука е и S Pen поддршката, со Wacom технологија, а пенкалцето се сместува во вашиот лаптоп.

Samsung Notebook 9 Pro лаптоп пристигнува со Windows 10 Home оперативниот систем, а моментно е во онлајн продажба.