Компанијата Asus следниот месец ќе го претстави новиот смартфон ROG Phone 5.

Asus ROG Phone 5 би можел да стане еден од најдобрите гејминг телефони за оваа година, а ќе биде претставен на 10. март, порано отколку што се очекуваше.

Компанијата објави тајмер за одбројување и е наведено името на уредот, така што нема мистерија што ќе видиме следниот месец. Оваа информација е изненадување, бидејќи Asus не го претстави ROG Phone 3 се до јули минатата година.

Ако се прашувате што е со ROG Phone 4, не сте сами. Asus одлучи без објаснување да ја прескокне оваа бројка, а се шпекулира дека причината за тоа е што во некои региони бројот 4 се смета за несреќен.

ROG Phone 5 ќе има екран од 6,78 инчи, батерија од 6000 mAh, која поддржува 65W полнење, врвен Qualcomm Snapdragon 888 процесор, 16 GB RAM и главна камера од 64 MP.

Севкупно гледано, изгледа дека новиот Asus смартфон ќе биде одличен за гејминг.