Уредот има 8,4-инчен екран со реозолуција 1920 x 1200 пиксели, а го покренува Snapdragon 435 чипсетот со осмојадрен процесор

Пред неколку дена, компанијата Huawei го објави таблетот MediaPad M3 Lite 10, но ова повеќе не е нејзиниот најнов MediaPad уред. Нов додаток на семејството е моделот Huawei MediaPad M3 Lite 8.0.

Huawei MediaPad M3 Lite 8.0 има два Harman/Kardon звучника како клучна продажна точка, иако треба да се издвојат и неколку други карактеристики што ќе го намамат купувачите.

Таблетот има 8,4-инчен екран со реозолуција 1920 x 1200 пиксели, а го покренува Snapdragon 435 чипсетот со осмојадрен процесор. Опциите за RAM меморија се 3 и 4 GB, додека просторот за складирање изнесува  32 и 64 GB. На уредот се наоѓа и microSD слот за проширување на интерната меморија.

На таблетот се присутни и две камери, една на задниот дел и една од предната страна. Батеријата е со капацитет од 4000 mAh и се полни преку microUSB порт во дното на уредот. Huawei е познат по сензорите за читање на отисоци од прстите, а еден ваков е имплементиран во Home копчето на таблетот.

ИЗВОР: GSMArena