Гласините и информациите за Samsung Galaxy A90 телефонот во претходниот период беа прилично контрадикторни и збунувачки, но најновата серија протечени информации би можеле да разјаснат некои детали за претстојниот смартфон.

Прво, кога е во прашање името, називот Galaxy A90 ќе биде задржан. Ќе постојат два уреда со ова име, а ги носат ознаките SM-A905 и SM-A908, од кои еден би можеле да имаат Snapdragon 855 чипсет, што ќе биде прв пат премиум чипсетот на Qualcomm да се користи во Galaxy A серијата.

На полето на камерите се очекуваат 48MP + 12MP + 5MP сензори, со мистериозната “Tilt OIS” функција. Се верува дека SM-A908 на задниот дел ќе има 48MP + 8MP + 5MP систем на камери. Новата информација, кога се работи за системот на камери е дека изгледа нема да биде сместен во моторизиран перископ/слајдер систем, како кај Galaxy A80 моделот. Наместо тоа, ќе се користи традиционален систем на задната страна.

Останатите детали сугерираат дека SM-A908 моделот ќе има FullHD+ Super AMOLED Infinity-U дисплеј, додека SM-A905 би можел да има QHD panel. Дијагоналата на SM-A908 и SM-A905 телефоните ќе изнесува 6.7 инчи.

На крајот, се сугерира и дека SM-A908 ќе биде моделот што ќе добие 5G конекција, додека SM-A905 нема да ја има оваа поддршка.