Претходно се појавија гласини, но и одредени протечени информации за Pixel 3 Lite варијантата на телефон од средниот сегмент. Меѓутоа, судејќи според се, помал еквивалент ќе добие и Pixel 3 XL. Сајтот 91mobiles и дојавувачот OnLeaks тврдат дека имаат детали за моделот Pixel 3 ‘Lite’ XL (неофицијално име).

Поголемиот смартфон би можел да пристигне со 6-инчен екран и резолуција 2220 x 1080p (наспроти 6.3-инчниот 1440p панел на Pixel 3 XL моделот), но покрај ова би можел да потсетува на помалиот Pixel 3 Lite модел. Ова би значело исфрлање на засекот во врвот на екранот и задржување на нешто подебели рамки.

Останатите спецификации на Pixel 3 ‘Lite’ XL засега се мистерија. Можно е дека уредот ќе има Snapdragon 670 чипсет, 4GB RAM, 12MP камера на задната страна, 8MP предна камера и 32GB основен простор за складирање. Се очекува и приклучок за слушалки во горниот дел на уредот.