Овие денови не е реткост да видиме телефони со ToF (time-of-flight) камери. Сега, според новите извештаи, изворите блиски до Apple сугерира дека компанијата ќе претстави нова „world facing“ 3D камера на барем еден од своите iPhone модели од следната генерација.

Според извештајот на Fast Company, Apple работи на ова решение веќе неколку години, а компанијата изгледа оваа година ќе биде подготвена да го објави. Извештајот предупредува и дека Apple би можел да ги откаже плановите, но во овој момент постојат планови 3D камерата да биде дел од дизајнот на iPhone 2020.

Оваа 3D камера ќе има ласер, сензор и софтвер, кои се дизајнирани подобро да го видат светот преку објектив. Ласерот ќе помогне кај мерењето на дистанцата помеѓу телефонот и објектот пред него, што ќе го подобри искуството на проширена реалност кај апликациите.

Apple не крие дека е заинтересиран за развојот во областа на проширена реалност, а некои гласини сугерираат дека компанијата подготвува и кацига за проширена реалност, која би можела да се појави подоцна во текот на годината.