Просечниот век на траење на батеријата на смартфонот е една од две години, а со правилна употреба можете да ја продолжите нејзината трајност.

Во продолжение ви откриваме што се митови, а што вистина, кога се работи за полнењето на батеријата кај телефоните.

Не е добро да се користи телефонот додека се полни

Ова исто така не е точно. Телефонот можете да го користите колку што сакате, се додека не користите сомнителен полнач. Единствената последица е тоа што полнењето ќе трае подолго.

Полнењето во текот на ноќта ја уништува батеријата

Поголем дел од паметните телефони всушност препознаваат кога батеријата им е полна и се запира поматамошното полнење. Сепак, не е добро телефонот да ви е на полнач во текот на цела вечер и тоа постојано. Батеријата подолго ќе трае ако телефонот го држите помеѓу 4о и 80 проценти капацитет.

Паметните телефони никогаш не треба да ги исклучувате

Во прашање е уред, но и нему му е потребна пауза одвреме навреме. Ако не морате секогаш да бидете достапни, повремено исклучете го телефонот. Се препорачува тоа да го правите во текот на една вечер неделно.

Подобро е батеријата да ја дополнувате секојдневно, отколку секој пат да одите „од нула”

Литиум јонските батерии кои ги имаат поголем дел од современите телефони подобро се држат кога се наполнети. Ако постојано ги „цедите” до последна „црта”, можат да станат нестабилни.

Топлината ќе ја уништи батеријата

Тоа е точно. Батериите не трпат високи температури, а литиум јонските батерии веќе доволно се загреваат во текот на полнењето и работата. И студеното време не им одговара, бидејќи во такви услови побрзо се празнат.