Новиот Poco телефон е сертификуван од неколку агенции, вклучувајќи ги EEC и FCC, а се сугерира дека станува збор за Poco X3.

Досега немаше премногу детали за спецификациите на уредот, а сега FCC документацијата открива 64MP камера која ќе биде главна за креирање фотографии и видеа. Не се познати деталите за останатите камери.

Уште една карактеристика која ја открива FCC документацијата е поддршката за 33W брзо полнење, а се очекува дека ќе пристигне и со полнач кој го поддржува споменатото полнење. Уредот поддржува и NFC.

Фотографијата на телефонот покажува голем кружен модул за камери, кој е сличен на оној кај Poco X2 моделот, но е е доволно голем за да содржи вертикален систем на камери, каков што има претходниот модел.

Можно е дека ќе постојат повеќе варијанти на Poco X3 телефонот, а повеќе детали би можеле да бидат познати во следните недели.