Samsung Galaxy Note 8 е првиот телефон на светот кој во тестирањето на квалитетот на камерата ги доби сите можни 100 поени на тестот.

На ригорозниот DxO Mark тест, Samsung Galaxy Note 8 ги освои сите 100 поени за фото модот и гo надмина iPhone 8. Сепак, камерата на Samsung Galaxy Note 8 малку потфрли во тестот на видео модот каде освои 84 поени.

Предностите на камерата на Samsung Galaxy Note 8 кои ги наведува екипата на DxO Mark сè:

  • одличен зум до 4х
  • речиси незабележителен шум на ноќните фотографии
  • брз и прецизен автоматски фокус
  • одлични фотографии на отворен и затворен простор
  • јасни и живи бои
  • добар баланс на белите
  • одлична стабилизација на кадрите

Сепак, и покрај адутите, наведени се и недостатоците, а тие се:

  • ограничен динамички опсег
  • бокех ефектот не е секогаш јасно видлив
  • балансот на белите бои знае да потфрли при силно осветлување во затворен простор
  • сенките не се природни во зони на висок контраст

https://www.youtube.com/watch?v=RKYjdTiMkXM

Извор: Кајгана