Компанијата Huawei на 29. јули ќе ја претстави серијата P50, а сега објави фотографија креирана со камерата на овој смартфон.

Досега видовме неколку тизери, а како што се ближи претставувањето, пристигна фотографија која е направена со претстојниот P50 Pro смартфон на Huawei.

Фотографијата е објавена на профилот на Huawei на социјалната мрежа Weibo, а на неа се наоѓаат двајца мечувалци. Секако, фотографијата е компресирана при закачувањето на Weibo, така што бројот на пиксели не кажува ништо.

Сепак, боите изгледаат одлично, а предметите кои брзо се поместуваат не се заматени.

Повеќе за камерите и уредот ќе дознаеме на 29. јули во текот на официјалното претставување.