Microsoft во октомври минатата година го најави Surface Duo, кој го покренува Windows 10 платфромата, но тогаш беше истакнато дека уредот не се очекува пред празничната сезона во 2020. година.

Меѓутоа, според новиот извештај на Зак Боуден за сајтот Windows Central, Surface Duo би можел да биде испорачан доста порано – уште во текот на летото. Достапноста на уредот би можела да биде објавена во текот на Microsoft настанот напролет, во текот на кој се очекува компанијата да ги претстави и Surface Book 3 и Surface Go 2.

Оваа изена не се однесува на Surface Neo, кој и натаму е планиран за објава во текот на празничната сезона.

Според наводите, Surface Duo ќе има Snapdragon 855 čipset, 6GB RAM и 64GB простор за складирање за основниот модел, а ќе постојат и верзии со повеќе меморија и простор. Уредот нема да има 5G поддршка.