Xiaomi официјално го претстави Mi 10 Youth 5G, а во прашање е првиот телефон со перископ камера. Уредот има 50x зумирање, Snapdragon 765G чипсет, голем екран и батерија, а пристигнува по импресивна цена.
Xiaomi Mi 10 Youth 5G користи 6.57-инчен AMOLED панел, во кој е вграден сензор за отпечатоци од прсти. Резолуцијата на екранот е Full HD+, со поддршка за 180Hz touch sampling.
Кога се во прашање камерите, тука е 8MP телефото камера со перископ објектив, која овозможува до 5x оптичко зумирање и 50x хибридно зумирање. Присутна е и OIS поддршка. Останатите три сензори се 48MP f/1.8 главна камера, 8MP ултраширока и 2MP makro. Смартфонот може да снима 4K видео @30fps и slow-mo видео од 720p во 960fps. Предната камера од 16MP е сместена во засек.
Батеријата има капацитет од 4160mAh, со поддршка за 22.5W за брзо полнење. Xiaomi заедно со Mi 10 Youth го претстави и најновиот MIUI 12 кориснички интерфејс, но самиот телефон стигнува со MIUI 11 верзија.
Смартфонот ќе биде достапен во пет бои (сина, бела, црна, зелена и портокалова), со четири комбинации на меморија и простор за складирање. Xiaomi Mi 10 Youth 5G има почетна цена од околу 300 долари за 6GB/64GB варијанта до околу 400 долари за 8GB/256GB модел.