Apple се подготвува најголем дел од своите производни линии да ги префрли на сопствени чипови, а ова покрај iPhone 12 линијата, ги вклучува и MacBook лаптопите, Watch Series 6 и iPad уредите.

Според извештаите од Тајван, TSMC примил нарачка од Apple за масовно производство на Apple Silicon за четвртиот квартал на 2020. година, а споменатите чипови се засновани на 5nm технологија на производство.

Извештајот тврди дека месечниот капацитет на произведените полупроводници ќе биде помеѓу 5000 и 6000, но не е можно да се калкулира точниот број на чипови што ќе бидат произведени, поради бројните варијабли, вклучувајќи ја густината на чипови на еден вафер и други параметри. Apple веќе во текот на WWDC 2020 потврди дека развил сопствени чипови, а последните извештаи истакнуваат дека овие процесори најпрвин ќе ги добијат новите MacBook уреди.

Првите MacBook модели што ќе го добијат новиот A14X чип, ќе бидат новиот 12-инчен MacBook и 13,3-инчните Pro и Air лаптопи, кои во масовно производство ќе се најдат од четвртото тримесечје оваа година. Ќе постојат и Macbook Pro од 14 и 16 инчи, но тие се очекуваат кон средината на 2021. година.