Овој викенд се одржа десеттото издание на Startup Weekend Skopje! Воедно, тој беше и првиот онлајн Startup Weekend во Македонија, и прв Startup Weekend кој се фокусира на решенија за предизвиците и последиците од Covid-19.

Овој настан претставуваше уникатна можност за оние кои имаат бизнис идеја како да му помогнат на општеството да се справи со предизвиците на пандемијата, овозможувајќи им да оформат тим, да добијат поддршка од експерти, и да ја развијат идејата за време на само 54 часа.

Startup Weekend Skopje – Covid-19 се одржа комплетно онлајн и во него учествуваа претприемачи, студенти и ентузијасти од целата држава. Четириесетте учесници се групираа во 8 тимови, и беа поддржани од 26 стручни ментори и 4 судии. Од 8 идеи во финалето продолжија 5, и од нив како најдобри беа избрани следниве:

Трето Место – QRCrew
Апликација за шопинг која ќе им помогне на локалните бизниси поврзувајќи ги со потрошувачите преку QR технологија. Доставата исто така ќе биде еколошка, вклучувајќи доставувачи на велосипеди.

Второ место – Neighbours
Платформа за поврзување на членовите на локалната заедница за солидарна акција, донации и услуги за најзагрозените, со цел да се поттикнат локалните волонтери и да се поврзат со најзагрозените на безбеден начин.

Прво место – Ways2Help

Платформа која ги поврзува добротворните организации и луѓето кои имаат потреба од помош, како и индивидуи кои сакаат да помогнат. На неа, сите организации и невладини организации кои сакаат да и помогнат на загрозената популација во кризата, ќе можат истото да го направат онлајн. Покрај можностите за донирање, платформата нуди и опции за волонтерска работа и редовно плаќање на режиските сметки.

По трет пат и оваа година, Startup Weekend Skopje волонтерски го организираше агенцијата за иновации Solveo, со помош на бројни организации кои решија да ја подржат оваа иницијатива: BB Director, FIlip Andonov, Startup Македонија, Македонија 2025, FitKit, It Mk, Фактор MK, Точка MK, Популарно MK, Smartportal.mk, Радио МОФ и Бизнис Вести.

Голема благодарност до сите кои го дадоа својот придонес за овој настан да се реализира и да им се помогне на тимовите да ги создадат своите решенија.