Овие денови апликациите и функциите за видео повици стануваат се попопуларни поради коронавирусот кој ги примора сите да останат дома. Корисниците се свртуваат кон останатите видови услуги за да можат да останат во контакт со саканите, пријателите, колегите од училиште и соработниците.

Сега Telegram сака да ја прошири понудата и најави дека има планови да воведе сигурни групни видео повици на својата платформа за размена на пораки.

Во најавата пишува: „Моментно глобалниот карантин укажува на потребата на доверлива алатка за видео комуникација. Видео повиците во 2020. година се слични на пораките во 2013. Постојат апликации кои се или сигурни или употребливи, но не се ни двете. Би сакале тоа да го решиме и ќе се фокусираме на тоа да ви обезбедиме групни видео повици во 2020. година“, стои во соопштението.

Како што е речено, и другите платформи за размена на пораки одамна нудат видео повици. Меѓутоа, во екот на пандемијата на коронавирусот, многу компании ја засилуваат својата понуда. На пример, платформите како WhatsApp го прошируваат бројот на корисниците, додека Facebook го покрена Messenger Rooms, кој пробува да му парира на Zoom во отстранување на барањата за регистрација и зголемување на бројот на учесници до 50.