Над 300 паметни телефони iPhone X беа украдени од камион за UPS во Сан Франциско пред најновиот модел на Apple да биде пуштен во продажба.

Крадците, кои се уште се на слобода, ги зеле телефоните, додека возачот на камионот правел испорака во центар во Сан Франциско, според CBS SF Bay Area.

По малопродажна цена, iPhone X вреди помеѓу 999 и 1.120 долари во САД, па така вредноста на украдената стока е најмалку 300.000 долари.

Полицијата трага по тројца осомничени кои управувале со бело комбе Доџ.

Продажбата на iPhone X започнува денес во повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД, Кина и Велика Британија. Илјадници стоеја во редици пред продавниците на Apple низ светот пред официјалниот почеток на продажбата.