Новиот додаток би требало да се појави во продажба на пазарот со новиот модел на iPad Pro.
Компанијата Apple планира оваа година на пазарот да пласира тастатура за iPad со вграден тракпад. Новиот додаток би требало да се појави во продажба на пазарот со новиот модел на iPad Pro, известуваат американските медиуми.
Додавањето на тракпад на тастатурата за iPad би бил нов потег на Apple со цел за подобрување на функционалноста, која обично се поврзува со лаптоп.
iPad OS веќе поддржува маус, но оваа поддршка е екстензија на AssistiveTouch технологијата на iPad и морате да пребарувате низ менито за да ја вклучите. Освен тоа, курсорот не е стандардна мала црна стрелка, туку голем круг кој има точка во средина.
Засега Apple не ги форсира корисниците да користат глувче за iPad, но кога ќе се појави тастатурата со тракпад, можно е дека поддршката за користење на маус ќе стане повидлива можност на iPad OS, откако ќе пристигне претстојната надградба на софтверот.