Tрговската војна помеѓу САД и Кина, барем кога е во прашање Huawei, се повеќе личи на шпанска серија. Најпрвин американската администрација постави санкции кон оваа компанија, потоа Google ја одби соработката со Huawei, па кинеската компанија одлучи дека не сака да соработува со Google, за сега Google повторно да посака да соработува со нив…

Со таа цел што Google аплицираше за лиценца кај американската Влада, барајќи дозвола да го продолжи бизнисот со кинеската компанија. Оваа вест ја објави Самар Самат, потпретседател за Google Play и Android во Google. Интересно дека тоа се случи само неколку дена откако ги предупредија корисниците на Huawei, поради сигурносни причини, да не ги инсталираат апликациите на Google од неофицијални извори.

Оваа компанија не е единствената која побара таква дозвола. Кон крајот на минатата година, Microsoft доби слична лиценца, за Windows OS да се најде на лаптопите на Huawei. А еден од веројатно позначајните потстреци на таквиот потег на Google е и тоа што Huawei се фокусираше на сопствената продавница на апликации,  Huawei AppGallery, која би можела да биде сериозен конкурент на Play Store.