Три производители на дисплеи моментално се натпреваруваат за работата за производство на OLED панели за следниот iPhone SE.

Apple го претстави својот сегашен iPhone SE во 2022 година, а пред него оригиналниот SE модел кој беше објавен во 2020 година.

Изгледа дека компанијата нема да ја продолжи практиката на објавување SE модели на секои две години, бидејќи новиот извештај сугерира дека следниот модел ќе пристигне некаде во 2025 година.

Кога ќе излезе на продажба, следниот iPhone SE треба да има карактеристика што досега не била видена во оваа линија: OLED екран. Сите досегашни SE телефони имаа LCD панели, а најевтиниот iPhone конечно ќе направи пробив на ова поле.

Извештајот тврди дека три производители на дисплеи моментално се натпреваруваат за работата за производство на OLED панели за следниот iPhone SE. Тоа се Samsung (кој исто така нуди најниска цена на производство од 30 долари), BOE (35 долари) и Tianma (40 долари).

Сè уште никој не потпишал договор со Apple, бидејќи компанијата од Купертино понудила само 20 долари за панелот, па преговорите се уште траат.

Панелот за прикажување, кој ќе го користи следниот iPhone SE, треба да биде сличен на панелите што ги имаат iPhone 13 и iPhone 14.

Се очекува iPhone SE 2025 да има 6,1-инчен дисплеј, со резолуција 1170x2532p, 1200 nits осветленост и веројатно заштитно стакло Ceramic Shield.

Неодамнешниот извештај од Кореја споменува дека Samsung и BOE веќе имаат обезбедено добри производствени залихи на овие дисплеи, додека Tianma најверојатно нема да биде во конкуренција поради заостанатата технологија на производство.